Имаат милијарди, а изгледаат просечно: Запознајте ги 5-те најбогати жени во светот

Тие не го користат богатството за разубавување и брендирана облека со која ќе се фалат.

За некои луѓе, парите се најважната цел во животот, за некои тие се можност да се пофалат и да бидат во центарот на вниманието, додека за некои богатството и парите се нешто што се случува „патем“, што не ги променува и е средство преку кое можат да прават многу и да им помагаат на другите.

Денес ви ги претставуваме петте најбогати жени во светот, според Форбс. Тие не изгледаат како што можеби мислите - наредени со накит и во видливо скапа облека. Напротив, големи се шансите да не им обрнете внимание кога ќе поминат на улица!

1. Алис Волтон 

Со своите 54,4 милијарди, колку што се проценува нејзиното богатство, Алис Волтон (71) е најбогатата жена на светот. Таа е деловна жена која значително го зголеми успехот на „Волмарт“, чиј косопственик е и таа. На нејзиното лице нема да видите ботокс или други козметички зафати, таа гордо ја носи побелената коса. Секогаш во класична облека и минимум шминка, Алис изгледа секогаш средено, но истовремено се обидува да изгледа незабележително.

2. Франсоаза Бетенкур Маерс

Кога ќе ја погледнете оваа жена, дали некогаш би помислиле дека поседува богатство вредно 48,9 милијарди долари? Франсоаза (67) влезе во деловниот свет кога нејзината мајка почина, наследувајќи 33% од семејната компанија Лореал. И покрај богатството, таа никогаш не ангажирала стилист, ниту се шминкала, но до ден денес одржува сосема природен изглед.

3. Џулија Кох

57-годишната жена влезе во деловниот свет откако почина нејзиниот сопруг, од кого наследи компанија за нафта. Нејзиното богатство се проценува на 38,2 милијарди долари. Откако нејзиниот сопруг почина од рак, Јулија се посвети на хуманитарна работа и донации за истражување на оваа област во медицината. Можете да ги видите годините на нејзиното лице, но таа навистина не се грижи за тоа и не попушти пред трендовите за подмладување.

4. Мекензи Скот 

Поранешната сопруга на Џеф Безос, основачот на Амазон, по разводот доби 25 проценти од вкупниот имот и моментално се наоѓа на списокот на најбогатите жени во светот со богатство проценето на 36 милијарди долари. Мекензи е многу помлада од другите дами на оваа листа, но без оглед на нејзината возраст е позната и по нејзиниот целосно природен изглед и секогаш облечена во сосема обична, едноставна гардероба. Таа е позната и како голема хуманитарка, неодамна донираше повеќе од 4 милијарди долари во добротворни цели, изјавувајќи: Имам премногу пари.

5. Жаклин Марс

Жаклин (81) и нејзиниот брат Џон наследиле по 35 милијарди долари од своите родители преку семејни компании за храна за миленичиња и слатки. Жаклин работеше секој ден во компанијата до 2016 година, се повлече на 77-годишна возраст. И денес сите ја познаваат како добродушна и пријатна жена, чие однесување и изглед го отежнуваат откритието дека всушност „спие“ на милијарди.ж

Листата со останатите пет жени, до десетото место може продолжува овде..

извор:stil.kurir.rs
фото: profimedia