Фотогалерија од Берово: Во Малешевијата сѐ уште нема снежна прекривка

Овие денови се едни од најстудените во Македонија, а Берово вчера се вброи во најстудените градови, каде што минималната температура беше -14.

Овој град, кој изобилува со неверојатна природа, сѐ уште не може да се пофали со дебела снежна прекривка, иако досега секогаш бил под снежна прекривка..

Доколку сте љубители на природата и сакате да шетате, Берово е одличната дестинација за вас, а бидејќи уште нема многу снег, освен топлата облека за прошетка не ви е потребно ништо друго.

Околината околу Беровското езеро изобилува со многу убава природа, а во продолжение погледнете како изгледа во овој период од годината: