Фотографија од Рушка Јакиќ го „запали“ Интернетот: Неверојатно е како изгледа познатата водителка во 9-та деценија

Фотографијата на Рушка Јакиќ од плажа го „сруши“ Интернетот и предизвика лавина од коментари.

Српската водителка Рушка Јакиќ (84) привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави, а медиумите на големо пишуваат за нејзиниот бурен љубовен живот.

Рушка се мажеше три пати, а од првиот брак водителката ја има ќерката Ана, која не е дел од јавниот живот во Србија. Во деветтата деценија планира по четврти пат да стапне на лудиот камен. Овој пат таа како што откри во медиумите, ќе се заколне на вечна љубов со мистериозниот господин Граф.

Рушка е родена 1938 година во Белград во семејството на југословенскиот дипломат Сретен и белградската убавица Евгенија Јакиќ, моминско презиме Барберис.

Креаторката на легендарното шоу „Љубов и мода“, по која остана запаметена и по нејзината легендарна модна изјава „Не, никако“, сега буквално го „запали интернетот“ со фотографија од плажа.


Ако е жешко, купете си чадор од Кинезите за 650 динари (325 денари) – напишала во описот на фотографијата.

Рушка седната на летното столче под чадор на своите следбеници им покажа како ужива во летните денови. Водителката е во полн рокерски стил - карирани шорцеви, маичка со принт, жолта јакна и рамни чизми кои не се по сечиј вкус кога станува збор за стајлингот на плажа.

Но Рушка Јакиќ секогаш се трудеше да биде поинаква и секогаш успеваше.

Меѓу многуте коментари под фотката, најмногу се издвојува еден: „Рушка, овој свет би бил многу досаден без тебе“.

После тоа Рушка сподели уште една фотографија од плажа, и напиша:

- Нема добра супа без стара кокашка - кој стана вирален.


Следбениците ја опсипуваа со комплименти за изгледот и феноменалната фигура на 84 години.

Рушка Јакиќ еднаш отворено проговори за подмладувањето и пластичната хирургија.

- Пред 20-ина години ги оперирав очните капаци, тоа го снимив и го емитував во мојата емисија. Јас сум поддржувач на тоа, но го осудувам тоа што го прават младите девојки. Не знам кој го воведе во мода ботоксот, пренадуваните гради и усти?! Не, никако не за тој тренд што ги тера жените да го губат идентитетот - изјави Рушка Јакиќ.

Таа откри и што ѝ треба за среќа.

- Имам плик на кој пишува „За уживање“ додека другите штедат за црни денови, лекови... Јас живеам подеднакво добро со 1.000 денари и 1.000 евра. Доволно ми е да имам капучино, омилени цигари, а можам и дома да јадам качамак. Се облекувам кај Кинезите кои ме обожаваат и каде добивам и попуст. Пишувам книга, но треба да се случи нешто друго, или тој или нешто друго, но „Јас, Рушка“ ќе биде бестселер - рече водителката во една прилика.


Фото: Инстаграм - Рушка Јакиќ

Фото насловна: printscreen/ruskajakicc

Рушка Јакиќ без грам шминка, во целосно природно издание: Луѓето не веруваат како изгледа