Фраерот кој победи лани на Евровизија повторно шокира: Во штикли од 15 цм изгледа брутално (ВИДЕО)

„Супермодел“ е новиот претстоен сингл на групата „Манескин“, а кога ќе ги видите кадрите од спотот, снимките и фотографиите кои ја придружуваат новата песна, ќе сфатите дека насловот не може да биде посоодветен.

Победниците на минатогодишната Евровизија одржана во Ротердам утре (13.05) ќе објават нова песна, додека на својот Инстаграм профил ја скокоткаа фантазијата на публиката. Во преден план секако е фронтменот на групата Дамиано Дејвид кој не ја губи титулата најдобро момче во Европа. Напротив, станува сè попопуларен поради ексцентричноста, харизмата, оригиналноста... слободно продолжете ја серијата.

View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)



Дамијано Дејвид ефективно го редефинира поимот посакуван маж и додека се брцка во овој базен и ни се смешка, повеќе од половина милион луѓе го лајкуваат. Веруваме дека исто толку луѓе со задоволство би се придружиле на жешката летна забава.

На сличен начин Дамијано ја прослави победата на Евровизија кога по победата се појави гол и со шампањ на прес-конференција.

За Дамијано и Манескин се зборува и на овогодинешната Евровизија чиј домаќин е Италија. Неодамна францускиот новинар Стефан Берн, кој известуваше за минатогодишниот Избор за песна на Евровизија, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон подготвил „голем, голем хаос“ зад сцената на Изборот за песна на Евровизија и побарал да биде дисквалификуван италијанскиот бенд Манескин.

View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)



Италијанскиот глам-рок бенд минатата година победи на Евросонг со 524 поени за нивната песна „Zitti E Buoni“, а пејачот кој доброволно го положи тестот за дрога и другите членови на бендот остро ги отфрлија обвинувањата.

„Тоа беше голем, голем хаос. Добив толку многу пораки, дури и една од францускиот претседател во која пишуваше дека Манескин мора да биде дисквалификуван, пишуваше: „Морате нешто да направите, ве молам“, изјави Стефан Берн за Би-Би-Си.

Во моментот кога се појави контроверзното видео, а потоа се појавија и обвинувањата, на второ место се најде репрезентативката на Франција, Барбара Прави.

Берн откри дека Емануел Макрон ја следи Евровизија секоја година бидејќи за него тоа е прашање на патриотизам.

ФОТО: Инстаграм Printscreen