Фризерка открива: Ја мијам косата еднаш во осум недели, лудост е да го правите тоа почесто (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Фризерката Мајкл Денис сподели видео на TikTok во кое зборува за тоа колку често ја мие косата: „Можам да не ја мијам косата и осум недели“.

Потоа ги откри своите совети како да ја „приспособите“ косата за да не ви треба често миење.

Мојата тајна е: помалку миење. Не ставам дезодоранс, немам четка за коса, а миењето само губи време. Прво треба да го поместите „денот на миење“ за еден ден, а потоа на друг ден. Секој пат кога мислите дека треба да ја измиете косата, додајте уште еден ден“, рече оваа фризерка во видеото.

Но, што се постигнува со ова одложување на миењето?

На овој начин, фризерката ја „приспособува“ косата да ја одржува што е можно помасна, а таа неизмиена коса не е валкана или мрсна на крајот.

Инаку, таа има над 23 години фризерско искуство.

View this post on Instagram

A post shared by Michelle Dennis (@mumme.of3)



Од коментарите под видеото, може да се види дека ретко кој се согласил со нејзиниот метод:

„Еднаш неделно, миењето е задолжително за мене. Друга жена додава: „Не може да поминат повеќе од десет дена без да ја измијам косата ... Се чувствувам валкано ако не го правам тоа“.

Една Тиктокерка додаде: „Се префрлив од миење на косата еднаш дневно на еднаш неделно и ја чувствувам разликата“.

Фризерката тврди дека причината поради која луѓето имаат претерано суви и испукани краеви или мрсна коса е затоа што премногу често ја мијат косата и на тој начин ја изложуваат на разни хемикалии.