Фризерката на Ким Кардашијан открива: Едноставен начин како да направите брановидна коса
Оваа фризура отсекогаш била популарна, а ние ви откриваме едноставен начин како да ја направите дома.
Брановидна коса или фризура како да сте дошле од плажа е популарна секоја сезона. Постојат многу совети како да ја направите оваа фризура. Иако изгледа како да не сме потрошиле ни секунда време за да ја направиме, свесни сме дека и за „неуредноста“ треба одредена процедура.
Џен Аткин, која стилизира неколку познати јавни личности, а со Ким Карашијан често снима туторијали за фризури кои може да ги направите дома, сподели совети како да направите брановдина фризура.
1. На деловите од косата кои сакате да ви се виткани прснете спреј за виткање на коса
2. Потоа завиткајте ги деловите од врвот кон коренот
3. Косата исушете ја со фен и тоа секој прамен по 30 секунди
4. Потоа земете пегла за коса и одредени прамени поминете ги со пеглата
5. На крајот поминете со прстите и дополително стуткајте ги брановидните прамени