Фризура која одзема години: Подмладува и дава волумен на тенката и безживотна коса

Добивај вести на Viber

Направете мала промена во стилизирањето на вашата секојдневна фризура и испробајте нешто што ќе направи да изгледате помлади!

Оваа фризура не само што ја зајакнува нашата самодоверба, туку може да ни „одземе“ и неколку години.

Бројни фризери истакнуваат дека ова е најдобрата фризура која ќе направи да изгледате младолико. Таканаречената фризура „половина коса нагоре“ е најдобра за тоа.

Фризерот Кали Ферера од „The Salon Project“ во Њујорк објаснува зошто:
„Ако држите дел од вашата коса подалеку од вашето лице, и ја кренете половина горе, очите ви се креваат и има ефект на лифтинг на лице кој веднаш подмладува "

Покрај тоа, оваа фризура е веќе многу популарна кај младите жени, бидејќи не само што е практична, туку и го создава тој кул, малку див, неуреден изглед.

Во тоа се убедени и sвезди како војвотката Кејт, Џеј Ло, Ким и Бијонсе.

Ферера препорачува да користите виткач за коса за претходно обликување на некои прамени во косата, што создава поголем волумен. Потоа одделете го горниот дел од косата и прицврстете го на задниот дел од главата (релативно високо нагоре) во плетенка, пунџа или опавче, потоа само извлечете ги предните прамени и олабавете малку коса.

извор:wanted.modno