Фризура за која цел свет зборува: Руска политичарка стана главна тема со уникатно стилизираната коса

Фризурата на руската политичарка Валентина Петренко стана главна тема на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како ја одржува. Светските медиуми зборуваат за фризурата на руската политичарка Валентина Петренко, а како и не би кога е уникат.


Социјалните мрежи беа преплавени со коментари за нејзината коса, а многумина се согласија дека најмногу ги потсетува на Марџ Симпсон од популарната анимирана серија „Симпсонови“. 

фото:profimedia

Дискусијата за најмоќната руска фризура се појави и во медиумите, па многумина се заинтересираа за тоа како Валентина успева да одржи таков стајлинг.

На прашањето за нејзината коса во едно интервју пред четири години, таа рече: „Уморна сум да одговарам на тоа прашање. Мојата коса е кадрава и ја подигнувам со шноли, тоа е сè.“ Таа ги негираше гласините дека носи перика и вели дека нејзината коса е природно виткана и непослушна, па нема премногу избор кога се во прашање фризурите.

фото:profimedia

Таа вели дека сама ја обликува косата, а не сакаше да открие колку време и е потребно. Со децении ја носи истата фризура и би се рекло дека не сака да се откаже од неа.
Поради необичниот изглед многумина ја ставија нејзината кариера на втор план, иако таа е повеќе од импресивна. Шеесет и седумгодишната Валентина била во рускиот комитет за социјална политика.

Родена во Казахстан, течно зборува руски, полски, англиски и шпански. Дипломирала на Ростовскиот државен педагошки институт, а и докторирала.

Едно време, Валентина помогна во преговорите за ослободување на децата држени како заложници, за што беше наградена со Орден за храброст во 1993 година.


извор:stil.kurir