Фризури кои ќе ви одговараат според хороскопскиот знак: Девиците сакаат кратка Боб фризура, Вагите сакаат долга гламурозна коса, а вие?

Добивај вести на Viber

Фризури кои ќе ви одговараат според хороскопскиот знак: Девиците сакаат кратка Боб фризура, Вагите сакаат долга гламурозна коса, а вие?

Ако сте расположени за нова фризура, но не знаете во која насока да одите, секогаш можете да се потпрете на хороскопот за да одлучите... Барем за забава! Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите фризури според хороскопските знаци.

Скорпија - "заоблена" Боб

Скорпиите се опишани како одлучни, моќни, интуитивни и лојални, но лесно се погрешно разбрани. Иако однадвор може да изгледаат грубо, тие се всушност нежни. Идеална за нив е Боб фризурата со „заоблени“ краеви. Овој избор со себе носи доза на сексипилност, елеганција и едноставност.


Стрелец - Пикси

Се вели дека оптимистите, слободоумните, мотивираните Стрелци самоуверено го следат сопствениот стил, а не трендовите, па им „прилега“ секоја фризура. Ако можеби имате желба да пробате нешто смело, тогаш пробајте ја оваа фризура која ќе биде совршен избор.


Близнаци - француски Боб

Близнаците се опишани како разновидни, љубопитни, интелигентни и брзоумни, па така ја третираат својата коса. Со задоволство ќе си играат со смели фризури и бои, меѓу кои се издвојува францускиот боб. Станува збор за интересна фризура надополнета со шишки кои поминуваат преку веѓите, што изгледа многу шик!


Девица - Боб до вратот

Вредни, креативни и педантни, Девиците бараат елегантни верзии. Ултра прецизниот боб со должина до вилицата е убав и уреден избор, како да е направен за нив.


Вага - долга и гламурозна коса

Вагите се опишани како дипломати, шармантни и идеалисти кои сакаат нешто меко и романтично како долги, сјајни брано




Фото:Instagram/screenshot