Фудбалерот Александар Трајковски стана татко по втор пат: Сопругата Александра го израдува со ќерка која доби име со посебно значење

Има ли поголема радост во семејството кога ќе се роди ќерка? Очигледно нема, а таква радост дочека и фудбалерот, херојот кој ќе го памтиме по голот со кој ја покори Италија.

Трајковски , фановите на социјалните мрежи ги информираше дека станал татко по втор пат, дека добил ќерка.

„Љубов моја, жено, кралице, ти благодарам што на свет ни донесе една принцеза. Се роди нашата Искра. Со твоето раѓање солзите радосници на мајка ти станаа бисери, тоа е љубов која големата мака и исцрпеност ја наплаќа со насмевка. Ти благодарам љубов моја што ме направи најсреќен и најгорд родител по втор пат. Те сакам“. Напиша Алекс на Инстаграм споделувајќи фотки од тазе породената сопруга.

Александар Трајковски е фудбалерот кој во март во мечот против Италија го даде одлучувачкиот гол и ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.

Тој и Александра го имаат и синчето Матеј, кој има 5 години. Александра и семејството за Алекс се дефинитивно најголема поддршка во кариерата и на теренот.

„Ништо во животот не можеме да постигнеме ако ја немаме поддршка од најблиските. Токму голот со кој ја вивна Македонија во фудбалското небо, Трајковски му го посвети на семејството и на цела Македонија.



„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“ - напиша тогаш на Инстаграм Трајковски.

Како што фудбалерот напиша сам во објавата, девојчето ќе го носи името Искра.

Името е со словенско потекло. Значење на името: се толкува на два начина, или како „искра“ или како „искрена“. Значењето на името е истоветно со името Марон (оној што искри).

Александар Трајковски е македонски херој кој ја покори Италија, а оваа црнокоса убавица е негова сопруга


ФОТО: Инстаграм