FUNK SHUI со „Стаклени нозе“ ви посакуваат среќни празници

Добивај вести на Viber

Македонскиот супер бенд FUNK SHUI, има нова песна. Синглот со наслов „Стаклени нозе“ е најава за новиот албум кој е во изработка и треба да излезе во текот на 2018-та година. Музиката и аранжманот се на FUNK SHUI, текстот е на Лука Ѓоргиевски, песната е снимена кај Ангел Ќосев во студио „Подрумот“, а видеото го изработи Михаил Намичев. За „Стаклени нозе“, момците од FUNK SHUI велат: „Делувањето во услови на нестабилно заледена земја и воздух без кислород нека ви биде подготовка за тоа што следи кога зимата ќе помине. Одете низ огнот, не бегајте од него. “. Оваа убава и амбициозна екипа ви посакува и среќни празници. https://www.youtube.com/watch?v=B9brGcMAQvA&feature=youtu.be