Фустан кој може да го носат жени од 25 до 75 години: На сите ќе им одговара, без оглед на обликот на телото

Добивај вести на Viber

Викторија Бекам облече фустан кој е апсолутен хит и тоа на повеќе начини...

Викторија Бекам облече фустан од сопствената колекција кој чини 890 долари и ѝ одговара на секоја жена. Не претеруваме!

Фустанот-кошула е популарен поради тоа што може да се комбинира со патики, но и со високи потпетици. Одлично го прикрива вишокот килограми и сите недостатоци, но и ги нагласува сите женски облини.

Може да го носат девојки, но и жени во поодминати години. Едноставен е, а повторно, со вистинскиот додаток може да се претвори во гламурозно модно парче.

Викторија овој пат облече фустан во црна боја, кој го искоминира со портокалови високи потпетици. Последните копчиња на фустан ги има откопчано, па со тоа ги покажа своите затегнати нозе.

Модната дизајнерка моментално се наоѓа во Париз каде ги посетува модните настани, облечена во своите креации.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


фото: Принтскрин / Инстаграм