Фустан со длабок отвор и кралско сина боја + нараквицата која ѝ припаѓала на Лејди Ди: Меган Маркл во смело издание

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари се појавија на доделувањето на наградите НААЦП синоќа во Лос Анџелес, а им беше врачена специјалната награда „Претседателска“ за посебни достигнувања и исклучителна јавна служба.

Ова е прво заедничко појавување на парот на официјален настан по неколку месеци, па не е ни чудо што сите погледи беа вперени во нив!

„Мислам дека можам да кажам дека моето потекло е сосема различно од она на мојата неверојатна сопруга, но дека нашите животи се поврзани со причина. Ја споделуваме посветеноста на животот во службата, одговорноста во борбата против неправдата и верувањето дека она што најчесто се занемарува е најважното нешто што треба да се слуша“, изјави Хари по добивањето на наградата.

Парот се качи на сцената во гала издание - Хари избра класичен црн костум, дополнет со бела кошула и машна, но сепак сите погледи му ги украде убавата сопруга!

Меган блесна во елегантно, гламурозно издание кое на вистински начин ја истакна нејзината убавина и фигура. Таа избра фустан на едното рамо во кралско сина боја со необичен, впечатлив детаљ – тиркизна наметка.

Оваа креација ја потпишува дизајнерот на луксузни тоалети, Кристофер Џон Роџерс, а ја краси провокативен, а сепак одмерен момент – дабок отвор кој ги откри извајаните нозе на Меган.

Изданието Меган го заокружи со сандали со прерамки од брендот Aquazzura, нејзиниот омилен бренд кога се обувките во прашање, но и убави детали - големи, златни обетки, нараквица од Картие, како и нараквица од сафир која некогаш и припаѓала на принцезата Дијана.

извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia