Галеника совети за нега на кожата после сончање
Со самото доаѓање на летото започнуваат позитивните вибрации и уживањето во сонцето. Веќе во првите денови на летото, почнуваме да планираме одмор, пребаруваме костими за капење, млеко за сончање за тело, крема за сончање за лице, екстра заштита за сончање со 50+ фактор за децата и се разбира, производи за нега за кожата. Кога сонцето е високо во зенитот и колку повеќе пече, толку е посилна желбата да се вратиме со потемнета здрава кожа.
Но, долготрајната изложеност на кожата на УВ зраците предизвикува боцкање, чешање, затегнатост и црвенила кои може да преминат во изгореници. Во животот сите сме доживеале изгореници и знаеме колку се непријатни, а понекогаш и болни. Всушност, секогаш кога УВ зраците продираат подлабоко во кожата, ја намалуваат нејзината еластичност, влага и предизвикуваат брчки. Ветрот и топлината на плажите создаваат дополнителен стрес за кожата. Дури и кога се користи заштита за сончање со висок заштитен фактор, на челото, носот, брадата, рамената и деколтето им треба дополнителна нега, и тоа производ кој инстант ќе ја ревитализира кожата за следниот ден сончање.
Односно, независно колку вашата кожа успева да се справи со сончевите зраци, за неа негата после сончање е подеднакво важна како и заштитата за сончање. Производите Пантенол на регионалната фармацевтски компанија Галеника, како и маста Јекодерм ја обезбедуваат потребната влажност за кожата и нега што во некои кризни моменти, може да го спаси и одморот.
Сите Пантенол производи и Јекодерм се достапни во сите наши аптеки и се произведени со високо квалитетни состојки кои на кожата и ги обезбедуваат потребните витамини, аминокиселини и ја надоместуваат изгубената влажност неопходни за брза ревитализација. И двата производа може да се нанесуваат после сончање, а не само во случај на изгореници од сончевите зраци.
Галеника во понудата има различни облици на пантенол, како пантенол крем, маст, раствор и најново Пантенол 9% пена.
Пантенол 9% пената благодарение на нејзиниот состав пантенол, алое вера, алантоин и витамин E се препорачува како прва помош за секојдневна нега и хидратација, нега на кожата после сончање и за регенерација на кожата по депилација. Пантенол 9% пена лесно се нанесува на поголеми површини, брзо се впива и не остава траги на кожата.
Добро познатиот и докажан бренд Јекодерм маст е богат со витамин А, витамин Д, омега-3 масните киселини, како и разни есенцијални масни киселини, кои се многу важни за нормалното функционирање на нашето тело и на најголемиот човеков орган - кожата. Маста го убрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата да изгледа мазно, сјајно и поеластично. Се користи за третман на кожа оштетена од различни надворешни влијанија, како што е и УВ зрачењето, а жените ја користат и за спречување на брчките и нега на зрелата кожа.
Секако, првиот чекор за регенерација и ревитализација на целото тело по сончање е избор на дебела сенката, туширање со млака вода и одмор од најмалку 12 часа пред повторно да излеземе под сончевите зраци. Правилната исхрана е исто така важна за нега на кожата, односно овошјето и зеленчукот, како и течностите обезбедуваат грижа за кожата, но од внатре. Природната и сирова храна богата со витамини, киселини и нутриенти помагаат за регенерација на кожата.
Уживајте во безбедна дружба со сончевите зраци заедно со Пантенол и Јекодерм.
*ПР Објава