(ГАЛЕРИЈА) Атмосферата од вториот марш „Скопје Прајд 2021“

Добивај вести на Viber

Денеска се одржува втората Парада на гордоста во Скопје, под мотото „Вон ѕидовите“. Парадата е протест, но и прослава за подобрување на правата на ЛГБТ заедницата.

Маршот започна од центарот на Скопје, поточно од паркот Жена борец, а истиот треба да заврши во Градскиот парк. Учесниците со транспаренти, знаменца, музика и други реквизити ја започнаа парадата, а најзабележлива беше пораката „Доста е криење“.

Меѓу познатите кои маршираат на парада се и претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, сопругата на премиерот Зорица Заева, но и други.

Исто така, помеѓу учесниците на парадата особено се истакнуваат странците од повеќе земји од регионот и пошироко.

Р.Ж.М.

фото: Љубица Иванова