(ГАЛЕРИЈА) Фантастичен концерт: Здравко Чолиќ ја прскаше со вода публиката во Скопје

Добивај вести на Viber

Полн со енергија и со силен глас поради кој е препознатлив, Здравко Чолиќ, сношти на концертот во Скопје на Градскиот стадион уште еднаш докажа зошто е број еден во регионот. 

Чола е за сите времиња и за сите генерации. Репертоарот од три ипол часа тој не го крати, туку додава нови и стари, малку подзаборавени, нему драги песни. Шетајќи не назад во фестивалските хитови како „Живиш у облацима“, преку „Чија е оно звијезда“ до „Тебе чувам за крај“ од поновите, Здравко ни подари носталгично, но и весело уживање.

Во еден момент го понесе енергијата, па ја освежи публиката. Оние во првите редови ги испрска со вода, што предизивика воодушевување плус. Неговиот рецепт е проверен и не треба да го менува. Песните ги пее од срце, помалку зборува помеѓу нив, на дел од хитовите има фантастични танчари, а тапанаот Драгољуб Ѓуришиќ со неговите ученици му се специјални гости. 

Маја Гроздановска- Панчева со ќерките, со пријателите и со фудбалската легенда Драган Канатларовски 

Здравко е вистински стадионски пејач, пејач за маса народ. 

По двата одржани концерти лани во ноември во ВИП Арената, по само седум месеци, му успеа и трет концерт од кој многу луѓе си заминаа среќни, пеејќи ги неговите и нивни хитови. 

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски