(ГАЛЕРИЈА) Мажи во високи потпетици за поддршка на женските права!

Добивај вести на Viber

Колку е можно и моќно, мажи да застанат на високи потпетици и да изодат еден километар така, само за да го поддржат Меѓународниот марш за стопирање на насилството врз жените?

Оваа година се случи најголемиот „Walk a Mile in Her Shoes“ настан во Хамилтон. Стотици мажи и жени, полицајци и адвокати оддадоа чест на ваквиот настан и прошетаа во црвени високи потпетици. Беа собрани над 130.000 долари, надминувајќи ја целта од 110.000 долари за финансирање програми за заштита на животот за жени и семејства погодени од насилство.

Непрофитна организација организира настан со име „Walk a Mile in Her Shoes“ , кој беше започнат од страна на Френк Баирд во 2001-ва година, а сега стана глобално движење, со десетици илјади мажи облечени во штикли кои ја подигнуваат свеста за женските права, за сексуалното насилство, семејното насилство засолништа и донираат пари за едукација, превенција и санација на ваквите проблеми, според веб-страницата на настанот.

Ваквиот настан е предизвик за граѓаните на Хамилтон,од сите возрасти, пол и способности, да одат во потпетици за да се соберат средства и да подигнат свест за ставање крај на насилството врз жените. Овој пат настанот беше со рекордни 465 пешаци и со собрани над 130.000 долари.

Прошетките се инспирирани од старата поговорка дека „не може да навистина се разбере искуство на друго лице, додека не се пооди во неговите чевли." Додека така пешачат по километар, луѓето се охрабруваат да разговараат за проблемите со кои се соочуваат жените и мажите. На крајот на краиштата, ваквата прошетка во „нејзините женски“ чевли укажува дека таквите проблеми не се само женско прашање. Тоа влијае на сите нас. Сексуално насилство влијае врз семејствата, пријателите, колегите.