(ГАЛЕРИЈА) Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј

Добивај вести на Viber

Виенскиот бал кој традиционално се одржува во хотелот „Александар Палас“, сношти прослави 20 годишен јубилеј. 

Моделот Дунафка Трифуновска 

И годинава, Скопје го живееше духот на Виена, танцувајќи со звуците на оркестарот „Јохан Штраус“ со кој диригираше Бисера Чадловска.

За дамите, балот секоја година е натпревар на тоалети, шминка и фризури. Овој пат за разлика од претходните години кога гледавме гостинки со необичен имиџ, ниту една не го прекрши правилото на облекување, долга свечена тоалета. 

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица 

Балот, кој го организира Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија и Владата, имаше  хуманитарен карактер. Во текот на вечерта беше организирана добротворна лотарија. Собраните средства и дел од средствата од билетите, беа доделени на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ .

Пејачката и професорка по соло пеење Искра Трпева- Арсовска 

Настанот го отворија танчари на Танцовиот клуб „Прима Данца“ со атрактивни танцови точки, како и првенците на Балетот при МОБ Саша Ефтимова и Ендру Кук.

Австриската амбасадорка Ренате Коблер со професор др. Никола Јанкуловски 

Гостите уживаа во настапите на ЗЏМ Биг Бенд, Арт Бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ -Дексо и Лина Авшар. Ексклузивни гости беа танчарите од Танцовата школа Елмајер од Виена. Водителка на Балот беше Вера Мештеровиќ. 

Милица Џаровска

Фото: Вангел Тануровски