(ГАЛЕРИЈА) Плоштадот „Македонија“ се полни: Папата ќе седи на уникатна столица изработена во Волково

Добивај вести на Viber

Уште од рано утринава плоштадот „Македонија“ е исполнет со насмевки . Се полни со луѓе и туристи, а заедно со фотографот на Фактор денеска од таму директно ќе ви ја пренесуваме атмосферата.

На плоштадот е речиси беспрекорно подготвено сѐ за папата Франциск кој таму ќе отслужи Света литургија пред скоро 15 илјади граѓани, високи гости, верници и странски државјани.

Имено, папската уникатна столица е изработена од орев стар 120 години, а ја изработи работилницата „Монозеро“ од Волково. Папската столица ја симболизира светата столица, на која седи поглаварот на Католичката црква во Ватикан. За време на државни посетите на папата, земјата домаќин ја има обврската да обезбеди столица која ќе го замени светиот престол на папата, но по строги правила и целосна контрола директно од протоколот на Ватикан и Католичката црква. 

ФОТО: ФАКТОР/ВАНГЕЛ ТАНУРОВСКИ