(Галерија) Порасна и остана едноставна: Стилот на Магдалена Цветковска

Добивај вести на Viber

Магдалена Цветкоска - Ена е девојката од Тетово која се прослави со учеството на М2 потрага по ѕвезди на кое освои прво место и со тоа стана дел од групата 4Play. 

Тогаш имаше само 16 години, а со групата која не траеше долго зад себе оставија неколку големи хитови кои и денес се вртат на македонските радиа, а нема човек што не знае барем еден нивен рефрен.


Со својот моќен и специфичен вокал Ена продолжи и самостојна кариера. 

Цветковска низ годините живееше со музика, и иако порасна во преубава 30-годишна девојка, секогаш остана доследна на својот едноставен стил.

Со нејзиниот брат Лазар Цветкоски во моментов се еден од најангажираните креативни тандеми на домашната сцена. Таа како текстописец, а тој како композитор- се креаторите на едни од најголемите хитови на македонската музичка сцена.


Повторно се доловува едноставноста во нејзиниот стил, а особено се истакнува нејзината бујна секогаш средена коса.


Во моментов, по пауза од две години, Ена, изненади со нова песна и видеоспот снимен во Кушадси. Станува збор за нумера со наслов „Ко да нема утре ден“.

И очигледно кога станува збор за омилено парче на пејачката, би се заклучило дека тоа се кратки панталони со кои прави едноставни, но тренди комбинации.