(ГАЛЕРИЈА) Скопје како во бајка: Руска балетска мајсторија на мраз
Трета година по ред, Скопје уживаше во мајсторската изведба на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург.
Руските уметници, во Македонската опера и балет овој пат ја изиграа „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски.
Лани, ги гледавме во „Оревокршачка“, а преклани со „Лебедово езеро“. Во балетската компанија, која е основана во 1967 година, денес има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање.
Скопје виде светско шоу кое со леснотија го изведоа гостите од Русија, без оглед што играа на мраз поставен на сцената на МОБ.
Романтичната приказна за Заспаната убавица или популарно „Тронорушка“ по познатата бајка која ја напишал Шарл Перо, ја сакаат и децата и возрасните. Балетеските уметници од Русија направија Скопје вечерва да личи на таква бајка.
За потребите на овој балетски спектакл, на сцената беа поставени три ипол тони мраз. Во моментов, поради голем интерес, во тек е и втората претстава, а организатор е „Прагма“ продукција.
Милица Џаровска