Култура // Настани
(ГАЛЕРИЈА) SuperDry Snow Disco
Во саботата на 22.12, во Ски Центарот Маврово се одржа настан организиран од страна на брендот SuperDry на кој претставниците на медиумите, блогери и инфлуенсери имаа можност да уживаат во чистиот планински воздух, сонцето, како и пријатната атмосфера во Старо Бачило, дополнета со звуците на ДЈ Irie Scratch.
SuperDry со овој настан сака да стави акцент на зимската колекција наменета за сите вљубеници во зимските спортови или едноставно сите оние кои сакаат да поминуваат време на планина и на снег.
Моделите на SuperDry се модерни и впечатливи, со доминантни бои со кои секогаш ќе бидете забележани на ски терените. Изгледот дополнете го со корисни зимски додатоци, како очила за скијање, топли шалови, капи и ракавици.