ГАСТРОТЕКА СИЕСТА - ТИВКА ОАЗА СРЕДЕ ЦЕНТАРСКАТА БУЧАВА
Сместена на улицата Македонија, во центарот на македонската метропола, „Гастротека Сиеста“ е малку понастрана од фреквенцијата во мирната уличка, спроти популарната скулптура – Бикот.
Летната тераса е место за убав дневен состанок или, пак, за релаксирачко вечерно уживање. Терасата, всушност, како и самиот локал е трендовски дизајниран со специјално изработен мебел и опрема, кои што го прават ова место навистина посебно. Или, како што велат традиционалните посетители на Гастротеката – Сиеста е тивката скопска оаза, среде центарската бучава!
Инспиративен амбиент, одлично кафе, вкусна храна и добра книга – сето ова се наоѓа на терасата на Сиеста. А, сето ова во коминација со позитивни луѓе, ведар дух и добро расположение.
Летната терасата на Гастротеката Сиеста е креирана така што секој посетител да може да ужива во уникатна храна и во опуштен амбиент.Речиси да нема скопјанец кој не слушнал и не го знае овој локал. Ако не спаѓате во оваа група, топло ви препорачуваме да го посетите.