ГАСТРОТЕКА СИЕСТА ПРЕПОРАЧУВА: Мисирка во плаво сирење

Добивај вести на Viber

Речиси година и половина Гастротека Сиеста ненаметливо, но упорно го наоѓа својот пат до оние со урбан и префинет вкус, креирајќи ново искуството на скопската гастро-сцена. Отворена кон крајот на 2016 година, сместена на улицата Македонија, во центарот на македонската метропола, „Сиеста“ е малку понастрана од фреквенцијата, во мирната уличка спроти популарната скулптура - Бикот, како тивка оаза среде центарската бучава.

Менито се заснова врз модерни јадења. Појадокот им е препознатлив по тостот со пржени лепчиња, а тука се и превкусните супи. Салатите се посебна приказна, затоа што во нив можете да најдете смоква, нектарина, резанки од тиквички со мус од сирење и јатки, авокадо и слични невообичаени комбинации за нашето поднебје. Од главните јадења би го издвоиле МИСИРКИНОТО ВО СОС ОД ПЛАВО СИРЕЊЕ, едно од најбараните од менито.

Приготвено е по најнови стандарди, на современ, модерен и брз начин во конвектомат без зејтин. Во овој здрав оброк, лесен за јадење и со префинет вкус мисиркиното месо се комбинира со морков, тиквици, брокула и пиперка, а посебен шмек даваат зачините.

Остатокот од понудата е надополнет со разновидни популарни даски, брускети, бургери и тапаси. Ако нѐ прашувате за десерт, наш избор се специјалните палачинки со алва.

Гастротеката Сиеста на едно место ги соединува врвната храна и пријатната атмосфера за комплетно уживање во симфонијата на вкусови од модерната интернационална кујна.