Гените се чудо: 4 работи што детето ги наследува од својата мајка

Знаеме дека мајките директно влијаат на многу работи - од нашата интелигенција до однесувањето во романтична врска. Иако генетиката е несомнено сложена работа, истражувањата покажаа дека наследуваме некои специфични особини и квалитети од нашата мајка. Затоа, без разлика дали вашето дете личи на вас или на вашиот сопруг, науката вели дека поверојатно е да ги наследи овие четири работи од неговата мајка:



1. Интелигенција
Детето веројатно ќе наследи интелигенција од мама, а не од тато. Голема студија на Универзитетот во Глазгов, која испитала повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст меѓу 14 и 22 години, утврди кои фактори влијаат врз интелигенцијата, вклучително и социоекономскиот статус и образованието. А најголемо влијание според студијата имала нивната мајка. Всушност, нивниот коефициент на интелигенција се разликувал во просек од само 15 поени во споредба со мајките.

2. Модели и навики за спиење
Ако детето има проблем да спие, тоа може да зависи од нивната мајка. Истражувањето објавено во списанието „Медицина за спиење“ минатата година сугерира дека мајките ги пренесуваат своите навики за спиење на своите деца и дека децата чии мајки имаат проблем со несоница, одат подоцна во кревет и помалку се одмораат. Интересно е што научниците не ја најдоа истата врска со татковците.

3. Брзина на стареење
Иако тоа не е важно кога ги гледате вашите мали деца. Можеби ќе почнете да размислувате за вашата мајка и начинот на кој стареете. Гените на нашата мајка се чини дека влијаат врз тоа. Научниците од Институтот Макс Планк откриле ДНК од митохондрија што ја наследуваме исклучиво од нашата мајка, а делумно можат да го контролираат стареењето. Истражувањето е направено на глувци, а не на луѓе и тие потврдија дека се потребни дополнителни истражувања.

4. Како ја поминуваме менопаузата
Иако тоа не им е важно ниту на вашите мали деца, за вас е важно и ќе биде важно за вашите ќерки кога ќе станат жени. Возраста на која ќе поминете низ менопауза може да биде наследна од мајка ви. Една студија од 2011 година на британскиот институт за истражување на рак на над 2.000 жени открила дека и порано и подоцна менопауза (пред 45-та и по 55-годишна возраст) се наследени од семејството.
Откриено е дека жените чии мајки и сестри минале низ менопауза порано или подоцна, имаат шест пати поголема веројатност да бидат исти со нив. Сепак, истражувачкиот тим истакна дека не е важна само генетиката, затоа што животниот стил исто така може да игра голема улога. На пример, жените кои пушат обично поминуваат низ менопауза две години порано.


Извор: Stil.kurir.rs

Фото: Shutterstock

Случајно открила дека детето ѝ е болно: Му “играло“ окото, лекарите со месеци ја убедувале дека ништо не му е