Случајно открила дека детето ѝ е болно: Му “играло“ окото, лекарите со месеци ја убедувале дека ништо не му е

Жена од Кикинда реши да го сподели со сите своето болно искуство и траумата што ја преживеала поради болеста на своето дете.

Имено, како што раскажува, таа го однела своето дете кое имало 6 месеци на офталмолошки преглед затоа што забележала дека окото му „игра“.

- Докторот ни рече дека детето е добро, како и дека мускулите на очите и нервите сè уште се развиваат. Сепак, по еден месец, на детето престанува да му игра окото и сè функционирало нормално. Меѓутоа, кога наполнило 11 месеци, таа видела нешто жолтеникаво во окото на детето.
Како што раскажува таа, тогаш решила да му светне со блиц во окото за да види подобро, па забележала дамка во окото што изгледала како бел меур.

- Бев во голем шок, утрото, го спакував детето и го однесов итно во детскиот диспанзер за упат од офталмологот. Сепак, добивме упат за Нови Сад и моравме да чекаме два месеци. Кога го однесов детето на закажаниот термин, докторот го испита со ласер и рече дека сè е добро. Не испратија за десет минути, рече жената.

Но таа била убедена дека проблемот сè уште постои и ги повикала сите приватни клиники во Нови Сад и Белград затоа што во Кикинда нема професионални лекари за мали деца.

- Приватниот лекар веднаш нè прими и констатира тумор во окото. Веднаш добив итно упатување во Белград, за очна болница. Сепак, бидејќи упатите од приватните болници очигледно не се признати кај нас, морав да се вратам во Кикинда за нови инструкции, објаснува понатаму.

Потоа дојде тој судбоносен ден во Белград. Лекарот рече дека детето мора да остане во болница.

- Моето дете беше испитувано една недела, но никој не ми кажуваше ништо. Тогаш тајно добив информација од сестра дека станува збор за малиген тумор на окото и дека треба да се направи скен на главата затоа што тој тумор може да се шири.. Се јавив на доктори во странство, но ми рекоа дека ако се шири туморот, нема да има спас за моето дете, наведува таа.

Туморот не се раширил, но го зафатил целото очно јаболко и бил полн со течност, но и кажале дека дете останало слепо на тоа око.

- Потпишав согласност за операција, а го видов еден ден подоцна. Не бев жива, се тресев кога го видов со завитканата глава. Нема око, но ќе добие вештачко око, ќе чекаме протеза, раскажа мајката..

извор:alo.rs