Георгина Родригез за прв пат после смртта на синот: Емотивна фотографија

По 10 дена молк откако нејзиниот син почина при породување, Георгина Родригез се огласи на социјалните мрежи.

Имено таа она Инстаграм објави фотографија од својот партнер Кристијано Роналдо на која тој ја крева левата рака кон небото, во чест на синот кој го загубија.

Покрај фотографијата стави само емотикон со срце.

View this post on Instagram

A post shared by (@georginagio)


Роналдо ја крена раката кон небото откако во саботата постигна гол во натпреварот против Арсенал. Четири дена претходно поради трагична загуба ја пропушти средбата на својот клуб Манчестер Јунајтед со Ливерпул.

Минатата недела фудбалерот на социјалните мрежи потврди дека нивниот син починал за време на породувањето. 

Сите се прашуваат како им се случи фаталниот исход на Роналдо и Георгина и покрај скапите прегледи и лекари: Оваа докторка го има одговорот

На почетокот на оваа недела, блискиот пријател на Георгина, Иван Гарсија, изјави за шпанската ТВ програма „Ya Son las 8“ дека се надева дека наскоро ќе види насмевка на нејзиното лице. Откри дека минатата недела, по смртта на момчето, била многу комплицирана. Тој рече дека Георгина е многу силна и дека семејството и пријателите ќе ѝ помогнат да ја преброди трагедијата.

„Беше многу комплицирана недела, што е нормално. Фотографијата на Роналдо е многу убава, но полна со тага. Очекувавме двајца мали луѓе, а тоа не се случи. Нема да кажам ништо бидејќи побараа приватност, но тоа момче беше мала личност која многу ја сакаа и двајцата.“ - рече тој.


Извор: zena.blic.rs