Германскиот Паганини, Давид Гарет со концерт во Скопје

Добивај вести на Viber

Германскиот виолинист Давид Гарет, со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE ќе одржи концерт во Скопје, на 25 септември, во ВИП Арената. 

Во СКопје, тој доаѓа на барање на фановите, за да ја прослави десет годишнината од неговите crossover изведби. НЕОГРАНИЧЕНО, не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот.

Неговите изведби на рок хитови како што се Purple Rain, или Smells Like Teen Spirit, неговите верзии на песни како Nothing Else Matters и November Rain, новиот спин на светски познатите поп хитови како Viva la vida, Hey Jude, како и неговите аранжмани на класични дела, ја креваат целата публика на нозе.

Продажбата на билети за концертот во Скопје ќе се започне во среда, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

Со неговата турнеј EXPLOSIVE LIVE, Гарет продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји. Неговиот прекар е Paganini меѓу поп-ѕвездите и Jimi Hendrix меѓу виолинистите. До сега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди.