Гинеколозите предупредија за опасниот тренд кај трудниците: Жените не се свесни за ризикот на кој ги изложуваат своите бебиња
Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози (RCOG) предупреди на ризиците од трендот „слободно пораѓање“. Најавија дека треба да се поддржат жените да се породат како што сакаат, но и дека безбедноста мора да биде на прво место.
„Семејствата мора да бидат свесни за ризиците доколку одлучат да се породат без лекар или акушерка“, велат тие.
Се верува дека слободните пораѓања или непотпомогнатите раѓања се во пораст по пандемијата Ковид-19, кога многу мајки се плашеа да се породат во болниците поради ризикот од заразување со вирусот.
„Жените не се свесни колку ризично може да биде слободното пораѓање“, велат гинеколозите.
Професорката Асма Калил, заменик-претседател на RCOG, рече: „Жените имаат право да се породат во средина во која се чувствуваат удобно и треба да бидат поддржани во нивниот избор. Меѓутоа сигурноста е најважна и жените се советуваат да се информираат за сите можни ризици за да ја донесат правилната одлука“.
Докторката вели дека пораѓањата дома, со поддршка од бабица, може да бидат соодветни за здрави жени со низок ризик или за жени кои го раѓаат своето второ или трето дете и имаат здрава бременост.
„Меѓутоа, за прворотките, доказите покажуваат дека пораѓањето дома го зголемува ризикот од лош исход за бебето. Одреден степен на вознемиреност за породувањето е вообичаен кај многу идни мајки. Затоа, на жените треба да им се даде можност да разговараат искрено за сè со бабицата или лекарот“, истакнала таа.
Бројките објавени минатиот месец покажуваат дека жените во Велика Британија умираат при породување со иста стапка како и пред две децении. Прегледот забележа вкупно 293 жени кои починале за време на бременоста и во шест недели по породувањето помеѓу 2020 и 2022 година. Згрутчувањето на крвта била водечка причина за смрт кај новите мајки, а потоа следеа коронавирусот, срцевите заболувања и проблемите со менталното здравје.
Фото:Freepik.com
Извор:Najzena.alo.rs