Култура // Настани
Ѓоко Јовиќ: Не е прекасно за среќа
Пеајлот Ѓоко Јовиќ објави нова песна од албумот „Корени“, која го носи насловот „Не е прекасно за среќа“, а со тоа испрати и порака до слушателите со што повика на љубов.
– Почитувани, пред Вас е мојата нова песна „Не е прекасно за среќа“. Со огромно задоволство Ви ја претставувам и Ви благодарам што ме следите неуморно. „Не е прекасно за среќа“ е песна која се издвојува како фаворит за мене од албумот „Корени“, бидејќи има посебна приказна и моќна порака која, се надевам, ќе допре до Вас“, стои во објавата на Јовиќ на неговиот профил на Фејсбук.
Останатите песни се во комплетна изработка на братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.