Ѓорѓе Давид бираше помеѓу Ражнатовиќ и Карлеуша: Со својот избор ги шокираше сите

Даде одговор како од пушка!

За време на гостувањето во една емисија, рокерот Ѓорѓе Давид беше на „тешки маки“ кога водителот го праша да одбере старана помеѓу Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

По малку размислување ја одбра Цеца, на изненадување на сите, со оглед на тоа што со Карлеуша има одличен однос.

Следуваше и прашањето дали тоа е така поради тоа што Карлеуша го блокираше на социјалните мрежи.

„Не, не е затоа. Јелена има право на својата детска болест како и секој од нас, а тогаш кога таа беше во натпреварувањето не ја знаев Цеца“ - објасни Ѓорѓе, па образложи која е клучната разлика:

„Како влезе првиот ден кажа: „Запишете го мојот број на телефон“, кога Марија ѝ дофрли дека имаме и група, веднаш бараше да ја додадеме. Ни кажа на сите дека ни стои 24/7 на располагање за било што. Цеца е навистина доспадна и во полноќ, тоа ви го тврдам, бидејќи комуницираме со неа во тој период, и во два наутро и во два попладне. Затоа таквата добрина победи и велам Цеца“.

Бидејќи во годините колку што работеа заедно, Ѓорѓе покажуваше наклонетост кон Јелена, никој не се надеваше на ваков одговор. Меѓутоа, Давид објасни дека ова што сега го зборува има врска само со работата и тоа не значи дека Јелена повеќе не ја сака и почитува.

„Секогаш ми недостасуваше тоа што Јелена не беше во таа група на Вибер, не ја интересираше, секогаш беше некаде од некој „off“. Кога седи на столчето до дете, тебе ти делува дека сето тоа е кул. Видете, Јелена е некој кој јас го сакам и тука нема простор за зборување. Јелена е некој со кој овде јадевме леб и со кој се шегувавме. Но, во оваа приказна, дали е црна или руса, јас велам црна, русата не сакаше да ѝ се пријде“ - кажа пејачот во емисијата „Ѕвездите на Гранд - Специјал“.

фото: Принтскрин / Инстаграм