Го празнуваме Свети Илија: Еве што треба денес да јадете за здравје

Иако денешниот празник се одбележува како Илинден, денот на Илинденското востание, верниците го слават Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот. 

Според верувањата, Свети Илија е најсушниот и најтоплиот ден од годината.

Во народот се вели дека по празникот Св.Илија полека одминуваат жештините и сонцето е поблаго. 

Старите велат дека на овој ден е добро да јадете мед за здравје. 
Медот им се давал на децата, наутро, а некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.

Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Свети Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот.