Го промени личниот опис, а ова е неговата девојка: Како денес изгледа, Дарко Спејко победникот на „Големиот брат“?!

Добивај вести на Viber

Заработи 100.000 евра за 100 дена

Кумановецот Дарко Петковски Спејко ја освои последната сезона на регионалниот „Голем брат“ пред шест години, а денес целосно се промени.

Тогаш се занимаваше со спорт, тренираше гимнастика, атлетика, ракомет, кошарка, а беше шампион на Македонија во трискок. Работеше и како диџеј и фитнес модел.

View this post on Instagram

A post shared by (@spejko)



Во меѓувреме, Дарко дипломираше на Факултетот за физичка култура во Скопје. Покрај тоа што заврши факултет, тој е и фитнес тренер, ја води кумановската школа за кошарка, е познат инфлуенсер и модел, а во среќна врска е и со Хрисанта Монева, со која неодамна ја прослави втората годишнина од својата врска.


View this post on Instagram

A post shared by (@spejko)


Спејко пред три години во реалното шоу „Задруга 3“ влезе со надеж дека ќе освои 50.000 евра, но не се задржа долго. По победата во „Големиот Брат“, која траеше 100 дена, тој рече дека дел од 100.000 евра колку што беше наградата ќе ги даде во хуманитарни цели, а остатокот ќе го потроши на патување.

Вака изгледаше во 2015 година.

Извор: mondo.rs