(ФОТО) Го вовлекувам стомакот секогаш кога позирам: Гоца Тржан искрена за својата линија

Гоца Тржан иако чекори во петтата деценија од животот, на изгледот може да ѝ позавидат многу помлади жени. Пејачката нема проблем да го покаже своето природно лице без шминка, а има и свој изграден моден стил.

Овојпат таа искрено се отвори на тема слабеење:

- Колку и да ослабам, тој долниот дел на стомакот останува, па го вовлекувам кога позирам, потоа го стискам, па се прилагодувам ... но што да правам, го имам, мој е, по раѓањето се зголеми малку повеќе, но научив да го сакам . За сите стомачиња и стомаци на овој свет - пишува под нејзината фотографија на Инстаграм, во која изгледа одлично во припиен фустан во циклама боја.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)


Гоца од претходниот брак има ќерка, Лена, додека со партнерот Раша сè уште немаат заеднички деца, а пејачката откри дека се обидуваат да добијат дете по пат на вонтелесно оплодување.


*Најдобриот пријател се обиде да ме силува: Гоца Тржан јавно проговори за тешкиот период од нејзиниот живот