Ги погоди сите в срце: Гоца Тржан се заблагодари на сите трпеливи мажи кои едвај чекаат да станат татковци

Пејачката Гоца Тржан, е во брак со 14-години помладиот сопруг, Раша Новаковиќ.

Таа од претходниот брак има ќерка, Лена, додека со Раша се' уште немаат заеднички деца.
Со објава на Инстаграм пејачката откри дека се обидуваат да добијат дете.

„Само што излегов од клиниката за вонтелесно оплодување ВТО. Поради короната не можеме да влеземе со придружба, а пред клиниката, сопрузите шетаат околу автомобилите, ги кршат прстите на рацете, нервозни се, возбудени, исплашени, грижливи. Браво и среќно момци, да ве дочекаат добри вести “, напиша пејачката и додаде:

„Сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите грижливи и сочувствителни сопрузи и партнери кои минуваат низ стравови, неуспеси, очекувања, разочарувања, солзи, болка, радости, тага со нивните сопруги... Знам како ви е, затоа неизмерно благодарам што постоите и што не се откажувате од нас “, напиша Гоца.


Гоца Тржан претходно јавно зборуваше дека не може да има второ дете поради шеќерот