Гоца Тржан: Не можам да имам второ дете поради шеќерот

Српската пејачка Гоца Тржан е меѓу познатите личности во регинот кои отворено зборуваат за борбата со дијабетесот. Тржан изјави дека сосема го сменила начинот на исхрана и воопштбо, начинот на живот за да може да забремени. 

„ Поради нередовната исхрана и неуредниот начин на живот, пред четири години добив дијабетес, па држев диета. Во последниве месеци многу ослабев, не јадам шеќер и леб поради хормоналниот статус, и затоа сум многу нервозна. Ако не ги исфрлев тие намирници, ми се закануваше дијабетес од типот 2“, изјави пејачката за „Блиц“. Во емотивното интервју, Тржан додава дека со одрекувањето од многу намирници, таа успеала да го сведе инсулинот на минимум. 

Гоца со сопругот Раша Новаковиќ Фото: Рас, Србија 

Сето ова, Гоца го прави за да се обиде да има уште едно дете со нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа. Гоца од претходниот брак ја има 11 годишната ќерка Лена која живее со нив. 

Гоца со ќерката Лена 

„Имам огромна желба повторно да имам бебе. Поради тоа започнав да внимавам на здравјето. Во план ни е наскоро да ги завршиме сите подготовки за вонтелесно оплодување. Кога бев бремена со Лена, изгледав како нилски коњ, но не е важно, желбата за второ дете ми е поважна“, изјавила пејачката.