Најдобриот пријател се обиде да ме силува: Гоца Тржан јавно проговори за тешкиот период од нејзиниот живот

Пејачката го покажала борбениот дух уште во раното детство, а на само 14-годишна возраст започнала да заработува пари.

Гоца Тржан со децении е звучно име, а она што секако ги одбележа нејзината кариера и живот се бурните моменти и многу предизвици.

Уште од детството, таа ревност и борбен дух што таа ги поседува како личност започнале едноставно да “извираат“ од неа.

Како дете, таа молзела кози, пластела сено, продавала сладолед за да има џепарлак, а кога почнала да пее, со автобус одела на настапи.

Без оглед на тоа што таа имала безгрижно детство и нејзините родители и' обезбедувале сè што сакала, Гоца секогаш сакала да се бори за себе. Првиот џепарлак го заработила кога имала 14 години.

- Сакав да работам на бензинска пумпа, да ги мијам прозорците. Им кажав на родителите, но татко ми ме праша дали би готвела за 100 марки, за едно семејство на еден месец. Се согласив и тој ми рече дека ќе бидам готвач во семејството Трајан. Подготвував ручек во мојата куќа додека мајка ми и татко ми работеа и навистина добив плата од 100 марки за еден месец. Не би можела да го сторам тоа ако баба Цвијета не ме научеше како да готвам разни јадења. Баба ми ме испраќаше на нива, пластевме сено, молзев кози. Најмногу мразев да собирам сливи затоа што морав да одам на некои ридови, таму сонцето силно печеше, а сливите ми се лепеа на раце. Но, денес сето тоа е прекрасен спомен за мене и тешко ми е дека баба ми не е веќе жива - вели Гоца.

Детството го поминала во семејниот дом, а признава дека била многу непослушна и дека честопати добивала ќотек од нејзините родители, но дека и денес се придржува кон истите мерки кога ја воспитува својата ќерка Лена.

- Се сеќавам дека мајка ми ме тепаше како вол во зелките кога украдов бонбони од продавницата кога имав четири или пет години. Таа ме однесе до продавницата и и' рече на продавачката: „Таа ви ги украде бонбоните. Еве, јавете се во полиција да ја земе, а јас ќе ги платам. Од страв се измокрив во пантолоните. Моите родители не сакаа да израснат крадци, лажговци и некој што не е чесен. Никогаш не ми се случило повторно во животот да крадам - изјави Гоца за Хит Информер.

Во текот на својот живот, Гоца на тежок начин научила дека не треба да им верува на сите. Кога потпораснала, нејзиниот најдобар пријател се обидел да ја силува.

- Бевме многу блиски, имав безгранична доверба во него и тој го искористи тоа. Не можев ни да сонувам дека тој некогаш ќе се обиде да ме повреди,  сакаше да ме натера да имам секс со него. После тоа, сфатив дека морам да бидам многу внимателна при изборот на пријатели. Само сакав да го заборавам тој пекол, затоа молчев. Јас не го пријавив затоа што се плашев од осуда од околината: "Што бараше таа сама со него?" Мислам дека жртвите денес молчат од истата причина - откри Гоца.

Гоца стана звучно име на поп небото додека беше член на многу популарната група „Тап 001“, која владееше со музичката сцена во 90-тите години, но пред да стане пејачка, Тржан се обиде да „заплива“ во актерските води.

Нејзиниот живот беше обележан и со бурен брак, а подоцна и со развод со Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена, а денес го најде своето мирно засолниште покрај 14 години помладиот Раша.

Гоца и Раша со години се обидуваат да имаат деца, а во моментов таа се обидува да забремени по трет пат, додека Раша цело време и дава целосна поддршка.

- Раша и јас добро го толерираме процесот на ин витро оплодување, ние сме јаки ментално, но физички не ми е лесно заради хормонската терапија на која сум. Ние жените сме во состојба да поместуваме ридови и планини за да ја постигнеме нашата цел, а мојата цел е на Раша да му родам дете - изјави Гоца.

извор: telegraf.rs