Горд на синот: Семејството на Битиќи, скоцкани од глава до петици, вчера ја прославија полуматурата на наследникот (ФОТО)

Во домот на вицепремиерот за економски прашања и инвестиции имаше голем повод за славење...

Вицепремиерот за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од семејната прослава, по повод полуматурата на неговиот син.

„Малиот не е веќе мал. Синот на мама и тато, среќна полуматура!“ - напиша гордиот татко Битиќи.


Инаку, на фотографијата позира Битиќи со сопругата, нивната ќерка и секако полуматурантот, кој за оваа прилика беше облечен во црн костум, кои ги искомбинира со бели патики.

фото: Фејсбук