Готвиме со Маја: Лепчиња
Кога станува збор за било каков хамбургер или сендвич највкусно е домашното топло лепче. Овие не се многу воздушести поради недостиг на глутен но се еднакво меки и вкусни.
Потребни состојки
150мл. млеко
100мл.вода
7гр. сувквасец (био)
1 м.лажичка кафен шеќер
20мл. маслиново масло
2м.лажички сол
300 гр. мешавина од спелтино и интегрално јачменово(1/1)
1 жолчка за премачкување
семки по желба
Во топло не врело млеко ставете ги квасецот и лажичката шеќер и оставете го 10тина мин. Потоа додадете ги водата,маслото и солта и накрај брашното. Месете 10тина минути убаво да се соедини тестото без да додавате брашно. Тестото треба да биде меко и нелепливо.
Земете стаклен сад измачкајте го со масло и
оставете го тестото да нарасне дупло од 30 до 40 мин. Потоа размесете го со малку брашно и
направете 6 еднакви топчиња. Потрудете се да изгледаат идентично.Оставете ги 20тина
минути да одморат, а за тоа време загрејте ја рерната на 190 степени.
Пред печење премачкајте ги со жолчка и наросете семки по желба.
Печете 20тина минути. Откако ќе ги извадите покријте ги 5
минути со чиста крпа и на крај уживајте....
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ