Мини крофни готови за 15 минути: Без квасец, се прават експресно брзо и се превкусни (РЕЦЕПТ)
Мини крофните се едни од најубавите задоволства кои ги сакаат сите, без разлика на возраста.
Потребни намирници:
-2 јајца
-2 лажици шеќер (може и кафеав)
-18 гр ванилин шеќер-300 мл јогурт
-10 мл домашна ракија
-кора од рендан портокал
-сок од половина портокал
-300 грама брашно
-прашок за пециво
-малку сол
-масло за пржење
-шеќер во прав за посипувањеНачин на подготовка:
Јајцата се матат со шеќер и ванила. Потоа додадете јогурт, ракијата, рендана кора од портокал, сок од портокал и брашно. Додадете го пецивото, малку сол и замесете мазно тесто. Покријте го тестото со фолија додека маслото добро не се загрее.
Потопете ја лажичката во ладното масло, а потоа со неа извадете ги крофните и ставете ги во врело масло, тоа практикувајте го со секоја крофна. Пржете неколку минути, а потоа извадете ги крофните на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло.
Посипете ги со шеќер во прав и послужете.
Наздравје.
Фото: Printscreen/youtube