Готвачи од цел свет доаѓаат во Охрид

Добивај вести на Viber

Во организација на локалната самоуправа, од 12 до 14 октомври Охрид ќе биде домаќин на Ohrid Gastro Tour која ќе се обиде да го подигне квалитетот и понудата на рестораните и угостителски објекти во нашиот туристички центар.

Настанот предвидува гостување на врвни готвачи/гастрономи од различни земји, наградени со Мишелин ѕвезди, кои за време на неколкудневниот престој во Охрид, во различни угостителски објекти ќе имаат задача преку готвење со домашни (охридски производи) да изнајдат начин за изработка и подготовка на нови специјалитети како и нивно вклучување во менијата на локалните угостители.

Со тоа ќе придонесат во збогатувањето на туристичкиот производ и понудата на градот. Преку овој настан ќе се одржи и обука на локалните готвачи за подготовка на нови типови на храна и збогатување на постоечките менија, информираат од Општината.