Готвиме со Маја: Бајадера
Признавам обожавам десерти. Бајадера ми е едно од поомилените и затоа си најдов начин да јадам бајадера но не и кило шеќер.
Ке го споделам рецептот со Вас, за оние кои сакаат да ја пробаат.
Потребни состојки:
100гр.Лешник
100гр. Бадеми
200гр. Мелен кекс
100гр. Урми без семка
100гр. Темно чоколадо
100гр. Бело чоколадо (квалитетно)
150гр. Путер (може и кокосов или маргарин)
9 лажици вода
За глазура
150гр. Темно чоколадо
2лажици вода
25 мл масло
За почеток урмитее потопете ги во топла вода 20 минути. Потоа процедете ги и во сад ставете ги урмите со водата и путерот или варијацијата која сте ја одбрале. Кога ќе се растопи путерот додадете го кексот,лешниците и бадемите (претходно сомелени).
Растопете ги црната и белата чоколада на пареа и поделете ја смесата на 2 еднакви дела.Доколку немате квалитетна бела чоколада не ставајте. Ќе ви се распадне смесата. Во едниот дел ставете го црното чоколадо а во другиот дел белото.
Потоа во калап (мојот е сликонски долг 20цм.широк 10цм) прво ставете го црниот дел потоа белиот и ставете го да се лади.
На крај во сад ставете ги чоколадото,водата и маслото, јас ставив арганово но може и обично,кокосово, путер,маргарин … зависи од Вас. Кога ќе се растопи и соедини смесата истурете ја во калапот и вратете го да се лади мин. 4 часа до цела ноќ
Сечете и декорирајте по желба.
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ