Здравје // Рецепти
Готвиме со Маја: „Breakfast” вафли
Кога ќе ви презреат бананите дома, не ги фрлајте никако! Опции има тон и за палачинки, и за леб и за мафини,сладолед … Јас ги употребив овој пат за вафли за појадок.
Потребни состојки:
1 мерилка + 3 г. Лажици Овес
2 средни Банани
2 јајца (М)
1 прашок за печиво
Малку сол и ванила
Вклучете го апартчето за вафли а во блендер ставете ги систе состојки. Блендирајте додека се да се соедини и овесот да биде скоро сомелен. Смесата треба да биде густа. Доколку сакате покрцкави вафли додадете и 1 лажица нишесте, јас го избегнувам.
Печете 5 мин без да го отварате апаратчето и на крај сервирајте со вашиот омилен сок и овошје. Јас ставив растопено темно чоколадо, праски, капини,банана и ситен босилек.
За Женски Магазин, готви Маја Зивковиќ