Готвиме со Маја: Чоколадно суфле (РЕЦЕПТ)
Колку и да внимаваме на исхраната секогаш постои „cheat” ден. И не верувам дека има некој кој не сака „топло ладно” суфле. Има ли? Мнооогу чоколадо и сладолед од замрзнати банани и малини … Неодоливо вкусно …
Денешниов рецепт е поголема доза која може да ја чувате една недела во фрижидер и кога ќе посакате полните ккалапче и печете
Потребни состојки:
6 јајца
250гр. путер
200гр. чоколадо (100гр.млечно 100гр. Темно)
50гр. шеќер
80гр. брашно
6 коцки бело чоколадо
Рерната вклучете ја на 200 степени. Доколку печете во силиконски калапи тогаш само наредете ги во тавата. Но доколку печете во тава за мафини измачкајте ја со путер и наросете какао.
Во сад на пареа растопете ги путерот и чоколадото.
Кога ќе се растопи смесата и ќе се излади додадете ги јајцата едно по едно. Потоа додадете ги шеќерот и брашното и промешајте да се соедини. Наполнете ги калапите,ставете по една коцка бело чоколадо во средина (внатре) и печете 10 мин. Односно чим ќе фати кора одозгора.
Во блендер ставете 2 банани смрзнати и чаша смрзнати малини и блендирајте додека да добиете кремаста смеса. Декорирајте по желба и уживајте.
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ