Готвиме со Маја: Грашок вариво

Добивај вести на Viber

Неколку дами на Инстаграм ме прашаа за рецепт за грашок и ме потсетија дека не сум ви ја пишала мојата верзија. Едноставно вариво, но многу вкусно и здраво за целото семејство од 1 година па натаму. Често ги занемрувам ваквите јадења бидејќи сметам  дека ни се секојдневни на македонската трпеза. Ова е мојата верзија на грашок вариво.

Потребни состојки

2 моркови 

1 главица кромид (средна)

3 чешниња лук

пашканата 2 големи лажици

целер 2 големи лажици 

1 компир голем 

1 (cup) грашок 

1 лажица врвен пипер

1 лажица нане

сол и бибер 

Зеленчукот насецкајте го на ситни  коцки. И се освен компирот  ставете  да се динста на малку маслиново (за готвење). По 1 минута додадете ги зачините а по 5 минути додадете го грашокот и  прелијте со 500мл.вода 

Откако ќе зоврие додадете го компирот (напоменав на коцки). И варете уште 20 минути на среден оган. На крај додадете сол и бибер по желба. 

Доколку грашокот е домашен и не е замрзнат тогаш варете подолго. Откако ќе се свари сервирајте со домашно лепче и македонска салата. 

* ако вашите најмали не се љубители на вариво или манџи тогаш слободно испасирајте го и послужете со макарончиња. Успева 

*Јас не додавам вода бидејќи сакаме погусто. Во зависност од вашите желби може да додадете. 


За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ