Готвиме со Маја: Капрезе „puffs”
Малку поинакво капрезе.
Совршен спој на лиснато и домати со моцарела. Сакам салати со рукола, но капрезе многу често ме остава гладна. Затоа и оваа комбинација мене ми е совршена. Пробајте ја и Вие!
Потребни состојки:
1 голем розев домат
1 топка моцарела
500гр. лиснато тесто (ладно)
Мајчина душица
Рукола
Крема балсамико
Сол и бибер
Лиснатото тесто
(домашно или купено) треба да биде ладно.Вклучете ја рерната на 250 степени. Доматот и моцарелата насечете ги на кругови. Извадете го лиснатото од фрижидер и насечетего на 4 еднакви дела, да добиете поголеми правоаголници. Наредете ги во тавче на хартија за печење, потоа во средината ставете прво домат, потоа моцарела и на крај сол, бибер и мајчина душица.
Ставете ги во загреаната рерна,намалете ја на 220 степени и печете 15тина мин. да добиете нараснати златно-кафени правоаголници. Послужете со рукола и балсамико гел.
Bon appetit!
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ