ГОТВИМЕ СО МАЈА: Планински ќофтиња
Покрај баба ми која е “мастер”и мајка ми и тетка ми се одлични во кујната. И многу значи кога некоја од нив ќе ме пофали или ќе ме праша за рецепт.
Овој празничен викенд го искористивме за прошетка и одмор на планина. Иако сме на гости кај тетка ми денес и ја узурпирав кујната и помогнав околу вечерата. Всушност спремив вечера за 6 души по нејзин рецепт за ќофтиња во рерна, надополнети со млад компир испечен со зачини,таратор и македонска салата со домашен домат. Нема повкусно од убав домат кој мириса на стеблото на кое растел.
Потребни состојки за ќофтиња:
500гр. Мелено месео (по желба)
1 кромид
1 јајце
Шака магдонос
1 лажичка сол
1лажичка бибер
За сос:
3 поголеми Домати (или ако имате домашна салца 300мл)
4 пиперки
200гр. Кашкавал
Сол и бибер
Најпрво замесете го месото со рендан кромид,ситно насецкан магдонос,сол,бибер и јајце. Треба да добиете хомогена смеса.
Од месото направете топчиња, потрудете се да бидат иста големина.
Додека стојат ќофтињата испечете ги пиперките (ококу 10мин). И оставете ги во ќеса за полесно да се излупат. Потоа спремете тавче во кое ќе го печетее јадењето и во нелеплива тава со малку маслиново подпечете ги ќофтињата да добиете коричка и редете ги во тавата.
Вклучете ја рерната на 200 степени, излупете ги пиперките и изблендирајте ги заедно со доматот кој претходно сте го излупиле. Прелијте ги ќофтињата, поклопете ги или ставете фолија и печете 25 мин. Потоа извадете ги,изрендајте кашкавал и печете уште 5 мин.
Сервирајте со вашата омилена салата или таратор и уживајте.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ