Готвиме со Маја: Полнети тиквички
Се одморивме, ама не знам од што цела година плажа и кујна и пак плажа ама без кујна и сфатив … Мене покрај плажа кујната ми е „рилекс” зона и од тоа одмор не ми треба. Затоа уште одма си се фрлив на работа. Си купив жолти тиквички и уште не распакувани се пикнав во кујна. Нас ептен вкусно ни беше за Вас не знам, ќе мора да пробате.
Потребни состојки:
3 жолти тиквички
300гр. јунешко филе
100гр. булгур
3 домати
мала главица кромид (лила)
4 чешниња лук
1 м.лажичка мајчина душица
1м.лажица црвен пипер
прстофат диво нане
сол и бобер по желба
Кромидот насецкајте го ситно и продинстајте го 2 до 3 мин. Додадете ги зачините потоа месото и лукот и продинстајте 5 мин. Додадете ги доматите претходно излупени и насецкани и варете на тивко околу 40тина мин. Додадете сол и бибер по желба.
Во меѓувреме на малите тиквички пресечете им ја рачката и издлабете ги да ја извадите внатрешноста. Се што ќе извадите додадете во варивото 10 мин.пред крај. Во тиквичките на дното ставете по 3 лажици булгур односно 100 грама поделете на 3 дела. Потоа наполнете ги со варивото.
Печете во рерна 20 минути на 150 степени со тоа што во тавата ќе ставите 2 прста вода.
Bon appetit!