Готвиме со Маја: Салата со ореви и горгонзола
Продолжениот викенд и прошетките ги одбележа огромно количество на храна. Роднини кои сакаат убаво да те нагостат, ресторани, планински воздух … востински непријатели на рамниот стомак.
Време е да се вратам во реалноста и да си продолжам со моите и навиките на моето семејство. Затоа ми падна на ум една одлична салата. Брза,лесна и богата наменета за секого. И за оние кои не сакаат да се плеткаат во кујна,и за оние кои уживаат во истата,и за оние кои се на диета а и за гурмани. Салата за сите.
Потребни состојки
50гр. Горгонзола
1 голем домат
1 голема црвена пиперка
1 авокадо
70гр. Ореви
200гр. Свежи печурки
1 млад кромид
Маслиново масло
Сол
За прелив:
2 г.лажици павлака
1 г.лажица маслиново
1 м.лажичка сенф
Половина лимон
Сол и бибер
Вода
За преливот во сад помешајте ги павлаката,сенфот,маслиновото и сок од половина лимон. Кога ќе добиете хомогена смеса додадет сол и бибер и 2 до 3 лажици вода колку да ја добиете саканата густина.
Марулата исецкајте ја на ситно и помешајте ја заедно со авокадото и доматот кои што претходно сте ги насецкале на коцки. Сервирајте во чинија ставете неколку капки маслиново и сол и неколку капки прелив. Потоа печурките ставете ги во тостер 5 мин, а за тоа време насецкајте ги пиперката и кромидот и тостирајте ги оревите. Доволно е да пуштат арома и минимално да се запечат. Печурките извадете ги од тостерот, наросете сол и бибер, и ставете ги над марулата со домат и авокадо. Потоа додадете ги пиперките,кромидот,оревите и горгонзолата,прелијте ги со неколку капки прелив не, не премногу. Со раце искинете неколку ливчиња магданос,јас ставив француски и расфрлетее ги низ салатата.
Потонете без грижа на совест
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ