Готвиме со Маја: Шпагети со школки
Здрав, богат и вкусен оброк не значи саати поминати во кујна. Ќе ви предложам шпагети кои многу брзо се прават а уште побрзо се јадат.
Потребни состојки (3 лица)
400гр. Чистени школки
100мл. Бело вино
1 лимон
50 гр. Путер со зачини (рузмарин, магдонос и лук)
2 чешниња лук
300 гр. Шпагети (БИО шарени)
Половина сноп магдонос
15 парчиња Шери домати
Сол и бибер
Земете два сада. Во едниот ставете вода и сол да зоврие за шпагетите а во другиот ставете ги виното и сок од еден лимон. Кога ќе почне виното да врие ставете ги школките и варете дур не испари некои си 10-тина мин. За тоа време сварете ги шпагетите и насецкајте ги ситно лукот и магдоносот.
Потоа во поголемо тавче растопете го путерот и додадете го лукчето. Динстајте 1 минута и додадете ги школките. Нив пропржете ги 5 минути, мешајќи почесто.
Потоа директно од садот кај што се вареле шпагетите со штипка вадете ги и додавајте ги во школките. Промешајте ги 1 минута на оган и на крај тргнете ги и додадете го насецканиот магданос.
Додадете ги шери доматите насецкани на четвртинки. Посолете и наросете бибер и уживајте.
*Љубителите на сос на крај може да додадат 200 мл. Хопла за готвење.
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ